Де Марњак: Ситуацијата на северот на Косово и натаму загрижувачка

Од:

Шефот на ЕУЛЕКС во заминување Гзавие де Марњак и неговиот наследник Бернт Борхарт, изјавија денеска во Брисел дека ситуацијата на северот на Косово и натаму е загрижувачка, и ги отфрлија бројните критики на сметка на европската правосудна мисија.

– Ситуацијата на северот на Косово во текот на последните две години предизвика најголема грижа, рече Де Марњак во пресрет на предавањето на должноста на германскиот дипломат Борхарт, кој се согласи дека ситуацијата на северот на Косово е „полна со предизвици“.

Де Марњак оцени дека ситуацијата донекаде се подобрила по почетокот на спроведувањето на договорот за интегрирано управување на граничните премини, но истакна оти ситуацијата и натаму е „кревка“.

Тој ги отфрли критиките кои на сметка на ЕУЛЕКС се упатени во извештајот на Европскиот ревизорски суд, во кој се утврдени бројни финансиски злоупотреби и немарност во финансирањето на косовските правосудни институции, правдајќи се дека средствата кои стигаат до земјите-членки се недоволни за ефикасна работа.

Стариот и новиот шеф на ЕУЛЕКС рекоа дека сметаат дека е премногу рано да се намали присуството на единиците на КФОР на Косово, иако признаа дека некои членки, особено Германија, се нетрпеливи своите војници да ги вратат дома.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски