Давутоглу во Брисел: Без демократска стабилност, ЕУ нема да се опорави

Од:

Претседателот на Владата на Република Турција, Ахмет Давутоглу, денеска присуствува во еднодневна работна посета на Брисел, каде покрај средбите со челниците на Европскио совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, одржа говор и пред одбрани гости на реномираното тинк-тенк „Пријатели на Европа“, на кој присуствуваше и дописникот на МИА од Брисел.

Говорејќи за сите предизвици на Европската унија и Турција, Давутоглу посочу дека најголем предизвик за Европа во целост е политичкиот, односно немањето на демократска стабилност.

– Како можеме да говориме за стабилноста кога во многу земји, исти лидери опстојуваат по две-три декади без да бидат легитимирани на избори?! А, некогаш пак има демократија, но не и стабилност. Лани, на состанок во НАТО, како министер за надворешни рбаоти на Турција бев само еден од тројцата шефови на дипломатии кои имаа иста позиција четири години, а видов седум министри што се сменија од една земја, шест до друга, пет од трета земја. Ако нема демократска стабилнсот, нема одржлив развој и економска политика, посочи Давутоглу.

Според првиот човек на турската Влада, негативната демократска стабилност ги урива шансите за опорауввање на Европа. Појавата, според него, во некои земји на левичарски и десничарски популистички партии кои ја негираат Унијата не е добро, иако посочи дека е избор на грчкиот народ кој да дојде на власт. Давутоглу посочи дека на последните избори за Европскиот парламент, во законодавнио дом на ЕУ влегле многу националистички пратеници и дека овој тренд се зголемува не поради идеологија, туку поради економија и економската политика, поради кризата која креира социјални реакции и ова се користи од тие сили за политички цели.

– Концептот за демократска стабилност за нас во Турција е есенцијален. Владата која има поддршка од народот преку избори владее, иако некои други кругови организираа мрежи во полицијата и судскиот систем и сакаа тие да одлучуваат во Турција, иако за тоа треба да одат во сите села во Анадолија да бараат гласови. Никаде не може да се добие власт без легитимитет на народот! – порача Давутоглу.

Потсетувајќи за минатонеделниот марш на единството во Париз, на кој присуствуваше и тој и 46 други светски лидери, турскиот премиер додаде дека во светот во кој се менува има заеднички судбини и никој не може да избегне такви закани, дека има економска криза и некакви предизвици кои доаѓаат од светскиот мир како закана. Предизвиците од ова се предности и ризик во исто време, рече тој.

– Светските лидери и водечките земји не успеаја да се обединат и да воспостават нов светски поредок. Студената војна беше голема војна, долготрајна, но досега во последниот четврт век немаме нов инккилузивен конгрес, организација или трансформација на постоечките организации за иднината на човештвото, потсети првиот човек на Владата на Република Турција.

Давутоглу истакна дека се уште има многу замрзнати конфликти во светот, од Нагорно Карабах, Абхазија, Транснистрија, па се до новата криза во Украина. Тој истакна дека последниот инцидент во Париз покажува дека предизвикот за безбедноста се уште постои и дека сега има опасна терористичка организација, која побара да не ја нарекуваат Исламска.

– Трет е економскиот предизвик. Во 1992 година напишав дека, како што беше објавено дека е извојувана победа на либерализмот со што е дојдено до крајот на историјата, јас реков дека историјата никогаш не завршива и се уште плови на брз начин. Историјата пристигнува, иако со задоцнување. Сега, нема идеолошка војна, туку тензии меѓу младите генерации од различни идеолошки извори и политичките структури формирани во Студената војна, со таква идеологија, а тоталитарните режими на Блискиот Исток се идеологии од Студената војна. Во Либија, Тунис и Египет во 2011 година се појави надеж, но контра-револуцијате се случи и тие кои убиваа стотици илјади луѓе во Сирија, се уште преживуваат и тоа е неуспех на меѓународната заедница, Европа и на сите нас оти не ја поддржавме младата арапска херојска генерација, па кога беа убиени и затворени, наместо нив, додје терористичка група и го исполни вакуумот, иако тие работеа со режимот до неодамна – истакна Давутоглу.

Посочувајќи дека денеска постојат три категории држави: оние кои имаат визија и можност да ја водат земјата, други кои немаат визија за идина, но може да ја контролираат ситуација во земјата (не креираат проблеми) и трети каде лидерите немаат визија за земјите, ниту капацитет да ги водат земјите, па тие, според него, креираат не само проблем за себе, туку и за соседството.

Давутоглу истакна дека мора да се врати инклузивноста на идентитетите, односно базичниот предизвик за диферсифицирање на иднетитетите во земјите и на континентот. Тој истакна дека кога и да има тероризам и кој и да го стори и за која било причина, Турција ќе биде против, но дека сака да види идентична солидарност кога џамија гори во центарот на Берлин, каде според него во минатото дури 94 џамии биле нападнати.

– Во Турција, пак, и Евреите, како и муслиманите и христијаните се сопственици на Турција! Тоа е поважно од европски идентитет, порача Давутоглу.

За односите ЕУ-Турицја, турскиот премиер рече дека кога се користи изразот Европејци во Унијата, дека треба да се знае дека тоа се и Турците. Нема Европејци и Турци, според него, и сите се дел од европската историја и дел од Европа.

– Има 45 милиони муслимани во Европа и околу седум милиони Турци. Тие ќе останат тука, не се за да се вратат кај нас оти три-четири генерации се тука, затоа мора да имаме инклузивен европски идентитет, а ако мислите на некаква германско-христијанска заедница и слично, таквата Европа е завршена – истакна претседателот на Владата на Турција.
Истакнувајќи ги успесите на турската економија и како во последните 12 години откако неговата АК партија е на власта во Турција е зголемен приходот по глава на жител а четири пати, Давутоглу рече дека сите индикатори покажуваат дека турската економија ќе има одржлив развој, но не и Европската унија. Тој предупреди и декоколку цените на гасот и нафта паѓаат, економијата во светот ќе оди надолу.

– Кој е одговорен за економската криза? Во 30-тите години на минатиот век беа Евреите, а сега за некои тоа се муслиманите. Историскиот контекст покажува дека кога има невработеност, има пристап на исклучување на социјално-кустурно ниво и предизвик кај сите европски лидери е да се обединет, не мислам само на ЕУ, туку и воопшто за иднината на континентот, рече Давутоглу.

Според Даутоглу, Турција има хуманитерен предизвик, бидејќи има два милиони избеглици во земјата од Сирија и од Ирак, за што неговата Влада досега издвоила пет милијарди амеиркански долари. Тој рече и дека Турција е мал Балкан со сите националности во себе од регионот, односно дека има повеќе Албанци и Босанци, отколку што има во Албанија и во Босна и Херцеговина.

– Нас не критикуваат во Турција, поради оваа политика на отворени врати и бараат да ги затвориме граници. Но, што и да се случи, ние никогаш нема да ги затвориме границите ако некој бега од агресор. Би сакале и ние како Белгија да имаме соседи како Холандија, Германија и Луксембург, но ако одеднаш дојдат два милиони луѓе да живеат во Брисел беа да ве прашаат, што ќе се случи? Не обвинуваа и за Кобане, но каде живеат сега 200 илјади лица од овој град? Во Германија, САД, Белгија? Не, тие се во Турција! За три дена примивме 197 илјади курдски бегалци од Кобане – истакна Давутоглу.

Ако беше членка на ЕУ, Турција ќе имаше беше стабилизатор на регионот, а ЕУ ќе беше посилна да влијае на настаните, додаде премиерот на Турција. Според Давутоглу, ако Турција денеска беше во Унијата, економијата на Брисел ќе беше подинамична. Во тој поглед, премиерот ги најави и разговорите со челникот на Еврокомисиајта, Јункер и во однсо на замрзнувањето на проширувањето на Еу во следните пет години.

– Не може да се замрзне историја и некогаш историјата диктира што треба да сториме. Тоа и времето не може да се замрзне, процес кој беше динамичен шест години, не може да се замрзне со индивидуална одлука. Историјата ќе одлучи еден ден, европските лидери ќе ја разберат користа од турското членство во Европската унија. Претходните години, европските пријатели ни велеа Турција е ограничена оти е економски слаба, а сега велат дека Турција е пресилна и ќе биде проблем за ЕУ. Тоа е немање на самодоверба и ако некој не сака да прими некого, тоа е сигнал на слабост. Ако ЕУ не прими, ние и Еу ќе бидеме среќни, но ако ЕУ не не земе, ние нема да чекаме пред фрижидерот дали ќе бидеме замрзнати, историјата ќе тече и ние со неа, па некогаш и пред историјата, па историјата нека одлучи, порача Давутоглу.

За тоа дека Русија ќе гради гасовод за проток на гас преку Турција кон Европа, а не преку Украина, турскиот премиер рече дека на неговата земај и треба што повеќе гас, без разлика од каде ќе тече и дека би било добро и псотојниот госовод преку Украина да остане.

– Енергијата е голем предизвик за турската и европската економија – заврши Давутоглу.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ