Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека неговата Влада нема да отстапи пред еврејското, ерменското или грчкото лоби.
Неговата изјава е дадена во врска со тврдењето на претседателот Реџеп Тајип Ердоган дека приврзаниците на проповедникот Фетулах Ѓулен ги обединиле силите со израелското разузнавање Мосад.
Ердоган истакнал дека поддржувачите на Ѓулен во Турција работат против националните интереси на земјата и немаат никакво оправдание за тоа.
Турската Влада го обвинува движењето „Хизмет“ на Ѓулен, кој живее во САД, поради организирање заговор за соборување на власта и создавање „паралелна држава“.