Давутоглу: Турција се залага за формирање на сигурни зони

Од:

Турција се обиде да го убеди светот да формира сигурна зона внатре во Сирија за да се запре приливот на бегалци од таа земја зафатена со војна, но никој не ја слуша, изјави денеска премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу во Анкара.

Изјавата на турскиот премиер доаѓа во моменот кога на повеќе состаноци на високо ниво низ цела Европа европски официјални лица се обидуваат да пронајдат решение за имигрантска криза.

Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе разговараат за актуелните прашања за миграција на дводневниот неформален состанок кој почнува во Луксембург, додека лидерите на Полска, Чешка, Словачка и Унгарија во Прага ќе одржат вонреден Самит за мигрантската криза .

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ