Давутоглу: Турција е против израелските напори за намалување на исламскиот карактер на Ерусалим

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска изјави дека Турција ги поддржува Палестинците во напорите да се спротивстават на „израелските обиди за намалување на исламскиот карактер на Ерусалим“.

Давутоглу тоа го изјави во турскиот град Кона, ден по средбата со шефот во егзил на „Хамас“ Халаед Мешаал.

Протести, проследени со насилство, го принудија Израел во ноември на кратко да го ограничи пристапот на муслимани до Ерусалим, каде се наоѓа џамијата Ал Акса, трето најсвето место за муслиманите.

Турција нема да прифати измами, што се однесуваат на Ал Акса и ќе направи се што треба да се направи на меѓународен план за да го заштити Ерусалим и џамијата Ал Акса, изјави Давутоглу.

Турција е силен поддржувач на Палестинците. Односите меѓу Израел и Турција се влошија во 2010 година при напад на израелски командоси врз брод со хуманитарна помош за Газа, при што загинаа девет турски државјани.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ