Давутоглу: Турција е подложена на моќна кампања за дискредитирање

Од:

Турција и нејзината Влада се подложени на моќна кампања за дискредитирање, која почна точно по операцијата од 14 декември, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Турскиот весник „Хуриет дејли њуз“ ја пренесува изјавата што Давутоглу ја дал вчера пред новинарите, кои го придружувале во посетата на Македонија.

Според турскиот премиер некои кругови го „притиснале копчето“ за почеток на кампањата за диксредитирање, насочена против Владата, по покренување на судски процес против „паралелната структура“, термин кој турските власти го користат за означување на движењето на исламскот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и кого го обвинуваат за заговор против Владата.

Во врска со критиките на Европската унија против операцијата Давутоглу нагласи дека Унијата излегла со изјава уште во неделата, на денот на операцијата, без при тоа да има претстава за причините, кои довеле до тоа.

Тој се воздржа да ја потврди планираната посета на Брисел во јануари. Давутоглу посочил дека ќе замине во Брисел по потврдата на посетата од двете страни и кога неговата програма ќе му го овозможи тоа.

Турската полиција покрена на 14 декември акции за приведување на следбениците на Ѓулен. Во операции, спроведени во 13 градови, беа приведени 30 лица, новинари, директори, продуценти и полицајци, сите блиски соработници на Ѓулен.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ