Давутоглу се сретна со лидерот на ирачките Курди

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу и претседателот на автономниот регион Ирачки Курдистан, Масуд Барзани се сретнаа во ирачкиот град Ербил, при што ги разговараа за начините за борба против тероризмот.

Главна тема на разговорите, како што јави телевизискиот канал „Хабер Турк“, била ситуацијата во Сирија, при што Давутоглу ја изразил загриженоста на Анкара поради сомневањата за присуството на Курдската работничка партија во северна Сирија.

– Дејствувањето на сирискиот режим и неговата политика, насочена кон провоцирање на верски и етнички конфликт во земјата само ја усложнува целата ситуација. Тоа претставува закана за целиот регион и таквата состојба е неприфатлива, се наведува во заедничкото соопштение, објавено по средбата.

Давутоглу и Барзани нагласија дека „новата Сирија треба да биде ослободена од терористичките и радикалните групации“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски