Давутоглу: Процесот за членство во ЕУ е „пат од кој нема враќање“

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу во интервјуза германското списание „Фокус“ изјави дека во случајот со процесот за членство на неговата земја во ЕУ очекува поддршка од Германија, бидејќи двете земји имаат посебен однос.

Тој нагласи дека членството на Турција во ЕУ и понатаму претставува стратешки приоритет на земјата.

Оценувајќи ги преговорите на Турција со ЕУ, Давутоглу истакна дека тоа е „пат од кој нема враќање“.

Зборувајќи за настаните во Турција поврзани со паркот Гези, министерот додаде дека она што се случило укажува на присуство на здрава демократија во државата.

– Турската демократија не е второкласна, изјави Давутоглу, додавајќи дека во оваа земја, со цел да се решат проблемите преку дијалог, на располагање се сите потребни механизми, како и присуството на владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС