Давутоглу: Преговорите за коалицијата не успеаја, веројатни предвремени избори

Од:

Турскиот премиер и лидер на Партијата на правдата и развојот Ахмет Давутоглу објави денеска неуспех на преговорите со опозицијата за составување коалициска влада, истакнувајќи оти предвремени избори се многу веројатни.

– Ние не успеавме да обезбедиме поволна основа за составување влада, рече Давутоглу во Анкара по последната средба со лидерот на Народнорепубликанската партија Кемал Калачдаролгу.

НРП е единствената формација, која ја остави отворена можноста за коалиција со Партијата на правдата и развојот.

– Денес избори се многу веројатни, рече Давутоглу. Тој истакна дека тоа е „единствената опција“ за земјата и истакна дека турското јавно мислење е подготвено за таа веројатност.

Предвремени избори најмногу од полза ќе бидат за АКП, истакна Давутоглу, чија партија, која управува со Турција од 2002, го изгуби парламентарното мнозинство на изборите на 7 јуни.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ