Давутоглу ќе го врати мандатот за формирање на влада

Од:

Турскиот премиер и лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП) Ахмет Давутоглу ќе го врати мандатот за формирање на влада на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откако не успеаја преговорите за формирање на коалиција.

Ердоган и Давутоглу денеска попладне ќе се сретнат во претседателската палата во Анкара.

Парламентарните избори во Турција се одржаа на 7. јуни, а Ердоган на 9. јули му додели мандат на Даватоглу за формирање на влада. Четирите партии АКП, Републиканска народна партија (ЦХП), Национална народна партија (МХП) и Народна демократска партија (ХДП) се обидуваа да постигнат коалициски договор. АКП на 13 јули почна разговори со ЦХП, но по едномесечни преговори не беше постигнат договор. Давутоглу потоа преговараше со МХП, но исто така не беше постигнат договор.

Рокот за формирање на влада истекува на 23 август, а Ердоган или Парламентот ќе одлучат дали ќе бидат распишани нови избори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ