Давутоглу: „Јужен Поток“ претставува коридор на мирот во регионот

Од:

Гасоводот „Јужен Поток“ не е само енергетски, туку тоа ќе биде и коридор на мирот во балканскиот и кавкаскиот регион, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу во обраќањето на Меѓународен енергетски форум, што се одржува во Њујорк.

Давутоглу, како што јави Анадолија, нагласи дека на Европа и се неопходни нови проекти кои ќе обезбедат сигурност на енергетскиот сектор и нивната реализација претставува најдобра алтернатива за европскиот континент.

Според Давутоглу, изградбата на новите енергетски коридори ќе придонесе за стабилизација на регионите на Балканот и Кавказот, кои по завршувањето на Студената војна долго време беа третирани како зони на нестабилност.

Давутоглу нагласи дека со изградбата на нафтоводите и гасоводите со кои реонот на Кавказот и Блискиот Исток ќе се поврзат со Европа, ќе се обезбеди енергетска сигурност, а воедно тие воесно позитивно ќе влијаат на развојот на сите земји низ кои ќе минуваат.

Заедно со изградбата на нови железнички линии и патната инфраструктура, енергетските проекти чија што реализација е во тек или се планира за следните години, ќе придонесе за нови начини на комуникација на целиот регион, зкалучи Давутоглу.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски