Давутоглу ја спореди Пегида со „Исламска држава“

Од:

Германското антиисламско движење Пегида е како групата „Исламска држава“ во своите „средновековни“ ксенофобски погледи, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу во изјава за германски медиуми, јави ДПА.

– Кога терористичките групи во Мосул разурнуваа цркви, тие велеа дека Мосум е исламски град, и е само за муслимани, рече Давутоглу за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, зборувајќи за ирачкиот град Мосул, кој е под контрола на борците на „Исламска држава“ од јуни.

– Тоа е истата логика, користена од Пегида, која вели дека Германија припаѓа само на христијаните, рече тој. „Тоа е апсолутно средновековен менталитет“.

Давутоглу додаде дека Турција е „многу вознемирена во врска со Пегида“ и желбата на движењето за „исклучително христијанско германско општество“.

– Тоа не е само закана кон Турците и муслиманите, но исто и закана за самата Германија, рече тој.

Во обраќање пред турскиот Парламент денеска во Анкара Давутоглу се обрати кон муслиманите во Европа: „Вие не сте сами, Турција е тука да ве заштити“.

Давутоглу се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел за време на посетата на Берлин вчера.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ