Давутоглу: Имаме силна волја за решавање на разликите со Атина

Од:

Економската соработка може сериозно да помогне за приближување на Турција и Грција, изјави во интервју за грчкиот весник „Вима“ турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу, кој минатата недела беше во посета на Атина. Тој истакна дека Анкара има силна волја за решавање на разликите со Атина.

Давутоглу истакна дека Турција е вториот најголем пазар за грчките стоки, а Грција е една од главните дестинации на турските туристи.

– Имаме доволна политичка волја за решавање на разликите со Грција за сите прашања со почитување на законските интереси на двете земји врз основа на меѓународното право, нагласи министерот.

Според него Анкара е решена да ги разгледа сите начини за постигнување решенија на сите проблеми со Грција.

Давутоглу истакна дека едностраната одлука на кипарските Грци за истражување и развој на отворените во реонот на Кипар наоѓалишта на гас ги покажува опасностите што ги носи со себе нерешеното кипарско прашање.

Во однос на Сирија турскиот министер за надворешни работи нагласи дека Анкра секогаш поддржува мирно решение на кризата.

– Ниту Турција, ниту меѓународната заедница не разгледуваат воена интервенција како начин за решавање на кризата, истакнува министерот, додавајќи дека неговата земја е решена да ги преземе сите неопходни мерки врз основа на меѓународното право, со цел да ги заштити своите граници и правата и интересите на своите граѓани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски