Давутоглу и Калачдароглу не постигаа договор за коалиција

Од:

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу и лидерот на главната опозициска Репубиканска народна партија (ЦХП), Кемал Калачдароглу синоќа разговараа четири и пол часа за клучните прашања за составување на коалициска влада, но не успеаја да постигнат договор, јави БТА.

Тускиот министер за туризам и култура Јомер Челик, кој  во владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) е одговорен за преговорите, изјави дека двајцата лидери се договориле повторно да се сретнат кон крајот на оваа недела, во четврток или петок.

Челик напомена дека тогаш ќе биде познато дали двете партии ќе се договорат за формирање на коалициска влада или ќе се оди на нови избори.

Заменик-претседателот на ЦХП Халок Коч потврди дека двајцата лидери се договориле да се сретнат повторно кон крајот на неделата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ