Турскиот премиер Ахмет Давутоглу побарал вчера од генералниот секретар на ОН да претстави план за обединување на Кипар пред крајот на мандатот кој истекува во 2016 година.
Давутоглу вели дека Турција ќе направи се за траен мир во Кипар.
Турскиот премиер ги повика кипарските Грци да се вратат на масата на преговори и ја поддржа идејата за меѓународна конференција за обединување на Островот.
Кипар е поделен од 1974 година кога Турција го окупира северниот дел по државен удар.