Давутоглу: Балканските народи како едно семејство

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави денеска за време на посетата на Белград дека Анкара е подготвена заедно со Србија да работи за подобра иднина на целиот регион и оти балканските народи се како едно семејство.

Давутоглу разговараше со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, премиерот Александар Вучиќ, првиот потпретседател на Владата и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ и со потпретседателот на Владата и министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ.

Вучиќ и Давутоглу констатирале дека односите меѓу Србија и Турција се добри, но дека е потребно да се унапреди економската соработка, а премиерот на Србија ги повика турските бизнисмени да инвестираат во Србија, нудејќи поволни услови за вложување и поволности при вработување нови работници.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ