ДАНС: Русија се обидела да влијае на бугарската политика во однос на ЕУ и енергијата

Од:

Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) на Бугарија денеска во годишниот извештај објавен на веб-страницата на владата објави дека Русија се мешала во одлучувањето во Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според документот, Црноморскиот регион во 2021 година стана главен центар за интензивна конкуренција и противење.

Минатата година беше откриено дека целите на Русија се да го запре ширењето на НАТО кон исток и да го зачува руското влијание во соседните балкански земји.

За таа цел, Русија ангажираше сложени инструменти на влијание, како што се дипломатија, воена сила, специјални служби, економски лостови и зависности главно во енергетската сфера, информативна пропаганда и кампањи за дезинформација, како и кибер напади. Во документот се вели дека Бугарија е предмет на систематски разузнавачки интерес насочен кон обврските на Бугарија во ЕУ и НАТО, модернизацијата на нејзината армија, економијата и внатрешната политика, поради серијата парламентарни избори минатата година.

Имало обиди за влијание врз државните, воените, образовните и верските институции, медиумите, забележува бугарската специјална служба во својот извештај. Имало и обиди за мешање во изборите и директното носење политички одлуки, се наведува во отворениот дел на документот. „Единствените откриени шпиони во Бугарија беа оние од Русија, но имаше и четири други странски служби кои се обидоа да добијат информации за земјата“, се наведува во извештајот.

ДАНС во својот извештај посветува посебно внимание на обидите да се искористи пандемијата на Ковид-19 и преку ширење лажни вести и директно за дискредитација на бугарските и европските институции, дека се слаби и немоќни да се справат со пандемијата и дека ЕУ не може да се справи со овој предизвик. Нагласена е големата зависност од Србија, Русија и Кина. Во анализите на бугарските служби се истакнуваат обидите на Србија за дестабилизација на Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он