Данило Тирк предлага формирање на големи собирни центри за бегалците

Од:

Поранешниот словенечки претседател Данило Тирк смета дека европските спорови за квотите за мигранти и бегалци се контрапродуктивни и предлага да бидат формирани големи собирни центри, кои ќе се финансираат од земјите-членки на ЕУ додека да се договорат натамошните дејствија.

– Во тие центри ќе се анализира кои се луѓето кои пристигнале во Европа, односно кој е бегалец, а кој не е, како и кој може да добие азил, а кој ќе биде вратен во својата земја, објасни Тирк, кој ја има поддршката на словенечката Влада како еден од кандидатите за иден генерален секретар на ОН.

Според него, ваквите центри ќе ја чинат ЕУ најмногу една милијарда евра, додека разгледувањето на задолжителните квоти за распределување на бегалците и мигрантите е „погрешно и контрапродуктивно“, бидејќи ги разединува земјите-членки и не дозволува усвојување на заедничка европска миграциска политика.

– Вистинското решение за бегалскиот проблем е прекин на војните и репатрирање на мнозинството или на голем дел од бегалците, истакна Тирк.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ