Дачиќ: За УНЕСКО е подобро да не ја отвора Пандорината кутија

Од:

Првиот потпретседател на Владата на Србија и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ изјави дека за УНЕСКО би „било подобро да не ја отвора Пандорината кутија“ со евентуалниот прием на Косово во свое членство, јави Танјуг.

– Ако помине Косово, следни ќе бидат некои други региони кои не се признаени од ОН. Затоа е подобро за УНЕСКО да не ја отвора Пандорината кутија.

– Што се однесува до нас, ништо не може да не изненади. Не би било првпат пред очите на целиот свет да се урива меѓународниот правен поредок, рече Дачиќ во интервју за „Политика“.

Дачиќ прецизираше дека седницата на извршниот совет на УНЕСКО е во октомври, а дека седницата на Генералната конференција на УНЕСКО, која носи конечна одлука, е во ноември.

Како што појасни, доколку барањето на Косово за прием во УНЕСКО дојде на дневен ред на Извршниот совет на организацијата на ОН, теоретски е можно тоа барање да биде прифатено со многу мал број гласови.

Дачиќ повтори дека сега останува на генералниот секретар на УНЕСКО Ирина Бокова да донесе одлука дали ќе предложи ставање на дневен ред на таа точка.

– Косово ниту формално, ниту суштински не ги исполнува условите да стане полноправна членка на УНЕСКО, рече Дачиќ, истакнувајќи оти „оваа ситуација е еден преседан и поради тоа е многу компликувана“.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ