Дачиќ: За Србија е неприфатливо членство на Косово во ОН

Од:

Српскиот премиер, Ивица Дачиќ во Њујорк изјави дека Србија не може да го прифати членството на Косово во Обединетите нации, зато што смета дека прашањето за статусот на Косово, се уште не е решено и дека е потребно вистинско решение кое ќе биде во интерес на Србите и Албанците.

За нас тоа е невозможно, а имаме поддршка и од Федерацијата, дека прашањето за членство се решава со парцијални договори – изјави Дачиќ во разговорот со шефот на мисијата на Русија во Обединетите нации, Виталиј Чуркин.

Српскиот премиер истакна дека Србија не може да го смени својот став кога се во прашање Обединетите нации.

Дачиќ рече дека на Србија за решавање на проблемот со Косово и е потребна поддршка од Русија, Кина и останатите големи држави и дека таа поддршка ќе почива врз темелите на меѓународното право и вистина.

Руската Федерација принципиелно и конструктивно секогаш ја поддржувала Србија, со цел да се најде праведно решение и обезбедување на мирна состојба во регионот. Најоштро се осудува секоја злоупотреба на меѓународната мисија кој доведува до зацврстување на косовската независност – изјави Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ