Дачиќ: Време е за отворање на првите поглавја

Од:

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ги повика денеска земјите-членки на ЕУ објективно да ја согледаат улогата на Србија во сите случувања на Балканот и во Европа, верувајќи дека е време за отварање на првите поглавја и се надева дека во брзо време на Советот на Унијата ќе биде донесена таква одлука.

Обраќајќи им се на министрите за надворешни работи на ЕУ и државите кандидатки за членство на средбата во Луксембург, Дачиќ потсети на периодот во кој се случиле многу позитивни настани, кои според него уште еднаш го потврдуваат определувањето на Србија и правецот кон кој се движат неговата земја и целиот Западен Балкан.

– Со потпишување на четирите договори во Брисел се решени некои од најважните прашања поврзани за секојдневниот живот, пред се на Србите во Косово. Верувам дека овие договори се многу важни и за целосната стабилност во регионот, нагласи шефот на српската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ