Дачиќ: Србија сака добри и пријателски односи со Турција

Од:

Србија има искрена намера да развива добри и пријателски односи со Турција во сите области, бидејќи од тоа зависи стабилноста на регионот, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ на заедничката прес-конференција со турскиот заменик-премиер Бекир Боздаг.

Дачиќ нагласи дека надворешно-трговската размена меѓу двете земји изнесува половина милијарда евра годишно и додаде дека Србија и Турција имаат склучено спогодба за слободна трговија и безвизен режим.

Тој и се заблагодари на Турција за бесплатната помош и проектите, кои ги реализира во Србија.

Дачиќ истакна дека муслиманите во Србија претставуваат мост и стимул за развој на уште подобри односи меѓу двете земји.

Тој додаде дека за Србија се мошне важни и односите со Босна и Херцеговина и нагласи дека е потребно да продолжи праксата на трилатералните средби Србија-Турција-БиХ.

Нагласувајќи дека името Балкан е со турско потекло и оти е составено од два збора, кои означуваат „крв“ и „мед“, Дачиќ изјави: „Досега имаше доста крв, сега дојде време за малку мед“.

Боздаг нагласи дека Србија е клучна земја за мирот, преосперитетот и стабилноста во целиот регион.

Тој напомена дека турските инвеститори пројавуваат интерес за српската економија и за заеднички активности на трети пазари.

Боздаг посочи дека турската агенција за меѓународен развој ТИККА досега инвестирала во Србија шест милиони евра, но додаде дека се подготвуваат и нови проекти.

Тој оцени дека трговската размена меѓу Србија и Турција не е на нивото, на кое може да биде, доколку се има предвид високиот потенцијал на двете земји.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ