Србија е подготвена да ја изврши улогата на „чесен посредник“ во надминување на украинскиот конфликт, изјави денеска претседателот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа и шеф на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, на заседанието на Постојаниот совет на ОБСЕ, пренесе ТАСС.
Дачиќ изјави дека договорите од Минск и натаму треба да бидат темелот на овој процес.
-Сметам дека работата на Контакт групата за Украина ќе донесе суштствен придонес во развојот на овие договори и за надминување на конфликтот, рече Дачиќ, кој ги претстави приоритетите на српската Влада во организацијата.
Според него, „создавањето на атмосфера на дијалог и компромис е заедничка одговорност на земјите учеснички во организацијата“.
-Но тоа е невозможно да се постигне со повреда на нормите и принципите на ОБСЕ, рече српскиот министер за надворешни работи, цитиран од ТАСС.