Дачиќ: Србија бара одговор од Велика Британија за планираната резолуција за Сребреница

Од:

Српскиот заменик премиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ потврди дека во име на Србија побарал одговор во врска со намерите на Велика Британија во Советот за безбедност на ОН да биде усвоена резолуција за Сребреница.

Дачиќ по средбата со палестинскиот колега Ријад ал Малики во Белград, потврди дека од британскиот амбасадор побарал Велика Британија да ја информира Србија за своите намери, особено за текстот на резолуцијата или некои други одлуки.

– За ова се уште не се почнати консултации во ОН, односно во СБ на ОН. Србија не е земја членка на СБ, но е особено заинтересирана за ова прашање и во следните денови очекува одговор од Велика Британија за тоа што планира, изјави Дачиќ.

Дачиќ на прашањето дали најавата за Резолуција за Сребреница претставува некој вид на притисок врз Србија, одговори дека е потребно најпрво да се види што пишува во Резолуцијата.

Српскиот заменик премиер истакна дека официјален Белград е против тоа секоја годишнина да се злоупотребува за политички цели.

– За нас е апсолутно неспорно одавање почит на жртвите на кое било злосторство, па и во Сребреница. Секако, очекуваме светот на ист начин да се однесува и кон злосторствата извршени над српскиот народ, нагласи Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Адвокатката на Северина: Ја испрашувале за Сребреница, не го продолжила патувањето затоа што не се чувствувала безбедно

ЕУ: Нема место меѓу нас за оние кои го негираат геноцидот во Сребреница

Горан Наумовски

Битка за Сребреница: Милош Вучиќ ќе биде кандидат на просрпските партии за градоначалник

Предраг Петровиќ

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Парламентот на Црна Гора усвои Резолуција за геноцид во Јасеновац, Дахау и Матхаузен

Предраг Петровиќ