Дачиќ: Се размислува за воведување солидарен данок

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави денеска дека постојат размислувања за воведување некој вид солидарен данок на најголемите плати во јавниот сектор, но за тоа се уште не се донесени одлуки, јави Танјуг.

– Тоа би значело дека на плата од на пример 100.000 динари, секој месец би се одвојувал одреден процент, осум, десет или 12 отсто, како акт за солидарност, рече Дачиќ.

Тој наведе дека според тој предлог, министрите, премиерот, потпретседателите на Владата а како што очекува и пратениците и претседателот на државата, да издвојуваат поголем процент од 20 или 30 отсто.

– Со тоа да покажеме дека тргнуваме од нас, рече Дачиќ и истакна дека за тој предлог ќе се разговара во наредните денови и оти никакви одлуки се уште не се донесени.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ