Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека преговорите во Брисел се ближат кон крајот и дека очекува српската и албанската страна до 2 април да постигнат договор.
Тој рече дека високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон планирала преговорите да завршат до 20 март, но дека на инсистирање на Србија дијалогот бил продолжен.
– Ештон веќе си ги спакува сите хартии, но јас инсистирав дијалогот да продолжи бидејќи не сакаме Србија да биде обвинета за неуспехот на дијалогот, рече Дачиќ.
Тој истакна дека заедницата на српските општини, за чии надлежности се преговара во Брисел, мора да има повеќе од протоколарни овластувања.