Дачиќ откри детали од апсењето на човекот кој го нападна министерот Селаковиќ

Од:

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека полицијата по наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, го пронајде и уапси напаѓачот на министерот Никола Селаковиќ во неговиот стан.

– Припадниците на Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминал, по наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, во неговиот стан го пронашле и го уапсиле напаѓачот на министерот Никола Селаковиќ, М.Т.(40) од Белград, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста. Облеката што ја носел во таа прилика е пронајдена во неговиот стан, кој е во близина на местото каде синоќа беше нападнат министерот Селаковиќ. На осомничениот ќе му биде одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство, изјави министерот Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Најмалку 42 полицајци се повредени, некои се со потешки повреди

Горан Наумовски

Дачиќ: Хрват е уапсен за време на вчерашните протести, толку од приказната дека немаат никаква врска со надворешни фактори

Горан Наумовски

Дачиќ: Најмалку пет полицајци повредени, засега 14 лица уапсени за напади врз полиција

Дачиќ за насилството на блокадите: Нападнаа без причина, полицијата вечерва ги бранеше животите на граѓаните и сопствените животи

Дачиќ: Секој притисок врз Србите во БиХ е всушност притисок врз Србија

Дачиќ: Во пожарите во Србија спасени се повеќе од 10 лица, едно лице е повредено

Горан Наумовски