Дачиќ: Неизвесни резултати од преговорите, нема вонредни избори

Од:

Седницата на Парламентот на Србија, на која што пратениците посавуваа прашања на владата, помина во расправија за Косово, а премиерот Ивица Дачиќ порача дека се неизвесни резултатите од преговорите во Брисел и дека нема да има вонредни избори.

На крајот на седницата Дачиќ на пратениците им порача дека владата направила се што може за да дојде до позитивно решение и дека Србија ќе го продолжи патот кон евро-интеграциите, но предупреди дека крајот на преговорите не зависи од Србија.

Премиерот на Србија напомена дека помеѓу него и првиот потпретседател на владата, Александар Вучиќ постои единство.

-Тешко дека која било друга влада би можела да направи повеќе од нас – оцени Дачиќ и истакна дека Србија е подготвена за компромис, но не и за омаловажување.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ