Дачиќ најавува реконструкција на српската Влада, од СНС демантираат

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека на вчерашната седница на Владата на Србија било разговарано за реконструкција на владиниот кабинет, на што веднаш реагираше вице-премиерката Зорана Михајловиќ, тврдејќи дека за такво нешто воопшто не станало збор.

Дачиќ, кој е лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), изјави дека на вчерашната владина седница српскиот премиер Александар Вучиќ говорел за промени во Владата, за кои ќе се размислува кон крајот на јануари или почетокот на февруари.

Меѓутоа, Михајловиќ, која е член на Српската напредна партија (СНС) на Вучиќ, тврди дека на седницата воопшто не се разговарало за реконструкција на Владата.

– Претпоставувам дека господин Дачиќ од позицијата на која сега се наоѓа, не би сакал да дојде до какви било промени, изјави Михајловиќ.

Таа нагласи дека ако воопшто и се расправа за реконструкција на Владата, тогаш таа би се напарвила само со цел владиниот Кабинет да биде поефикасен.

– Сепак, добро е Вучиќ да види што Дачиќ навистина му мисли, потенцира Михајловиќ.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда