Дачиќ: Курти постојано подметнува пожари, Србите на северот на Косово нема да останат без поддршката од својата земја

Од:

Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за РТС изјави дека Аљбин Курти постојано подметнува пожари, но дека Србите на Косово и Метохија нема да останат без поддршката од нивната земја.

„Можат да бидат сигурни дека ќе направиме максимални дипломатски, се надевам само дипломатски и политички напори за да го заштитиме нашиот народ на Косово и Метохија, а секако и други доколку е потребно“, рече Дачиќ.

Тој додаде дека Србија во наредните денови ја очекува „кондензација на различни видови на притисок, но дека Србија има црвени линии што нема да ги помине.

„ Кои се нашите црвени линии: Прво, нема преговори за она што веќе го договоривме. Второ, нема признавање на независноста на Косово или членство во Обединетите нации. Трето, нема физички напади или загрозување на безбедноста на Србите. Ова се нашите црвени линии“, истакна Дачиќ.

На Србите кои утрово се на барикадите, тој им порача дека Србија е на нивна страна. Тој посочува дека Србија е подготвена за мир, но дека и другата страна треба да биде подготвена за тоа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дачиќ повторно му пееше на Ердоган „Осман ага“

Тошковски и Дачиќ: Има решение за метежот на граничниот премин во летната сезона

Државјанин на Швајцарија по потекло од Косово на српските власти им испраќал заканувачки пораки

(ВИДЕО) Дачиќ: Убиениот вахабист Рамовиќ пукаше на полицијата, одби да се предаде

Катерина Ѓуровски

Дачиќ бара објаснување од македонските власти: Бегството на Блерим Рамадани е скандалозно

Полицијата на Србија и РС потпишаа меморандум за соработка, Дачиќ: Тоа е помош за „браќата“

Предраг Петровиќ