Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе најде начин Србија да има добри односи со САД, доколку дојде до промена во американската администрација.
Тој за телевизијата „Коперникус“ изјави дека не е на Србија да даде одредени проценки за кандидатите, но дека администрацијата на Трамп несомнено имала попозитивен став.
„Без оглед кој ќе стане претседател, Србија ќе продолжи да има добри односи со Америка. Бајден исто така се состана со претседателот Вучиќ неколку пати, тој дојде тука да го посети три пати”, рече Дачиќ.
На прашањето дали останува договорот од Вашингтон доколку Џо Бајден победи на претседателските избори во САД, Дачиќ рече дека Соединетите држави се стратешки партнер на Србија и дека Србија го потпишала договорот без оглед кој е претседател на Соединетите држави.