ЕУ и западните земји ја ставаат глава во песок пред големоалбанската политика, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ осудувајќи ја изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можноста Косово и Албанија да имаат заеднички претседател.
– Косово и Албанја ќе имаат една надворешна политика, а не само амбасади. И дипломатското претставување ќе биде исто, па зошто не еден претседател – симбол на нацоналното единство и една национална безбедносна политика, рече вчера Рама во своето обраќање во Парламентот во Приштина.
Оваа изјава Дачиќ ја оцени како вџашувачка и рече дека ваквите големоалбански изјави минуваат без какви и да се осуди од страна на ЕУ и западните земји.
– Рама буквално рече дека Албанија и Косово се една држава со еден претседател, заедничка надворешна и безбедносна политика. И никој не го критикува, истакна Дачиќ.
Српскиот министер запраша што би се случило доколку Белград рече дека Србија и Република Српска би требало да имаат ист претседател и заедничка надворешна политика.
Сепак, Брисел реагираше на ваквата изјава на Рама, која ја оценија како несоодветна.
Портпаролката на Европската комисија Кетрин Реј истакна дека изјавите што може да се толкуваат како политичко мешање во соседните земји не помогаат во градењето на добрососедски односи.