Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Драган Мијатовиќ од Сомбор е уапсен поради закана по безбедноста на српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, Сомборецот Драган Мијатовиќ е уапсен и одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа, се вели во соопштението на полицијата.