Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави вечерва, откако Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја усвои препораката за одобрување на членството на Косово во Советот на Европа, дека денеска е ден на срамот во ПССЕ бидејќи првпат во историјата, како што истакна, се препорачува членство во нешто што не е држава, а не ги исполнува основните услови во доменот на човековите права и слободи.
„Денес е ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа. За прв пат во историјата се препорачува членство на нешто што не е држава, а кое не ги исполнува основните услови во доменот на човековите права и слободи“, рече Дачиќ, соопшти српското МНР.