Црвено-црната алијанса со протести побара оставка од Бериша

Од:

Стотици членови, активисти и симпатизери на албанската националистичка Црвено-црна алијанса, учествуваа на денешните антивладини протести во Тирана, барајќи оставка од премиерот Сали Бериша.

Протестите, организирани од оваа партија, се одржаа пред зградата на Владата, во која не се наоѓал премиерот Бериша, бидејќи денеска претплдне отпатува за Азербејџан, каде ќе учествува на Светскиот економски форум, што денес и утре се одржува во Баку.

Лидерот на „црвено-црните“ Крешник Спахиу истакна пред насобраните дека премиерот Бериша денеска намерно побегнал од земјата, наместо да остане во владината зграда. Тој додаде дека доколку Бериша по ова бегство се осмели да се врати, тогаш „црвено-црните“ повторно ќе протсетираат со милион Албанци за да го соборат премиерот, јави дописникот на МИА од Тирана.

– Ние им ветивме на Албанците национално обединување со референдум и нашето ветување ќе го одржиме, порача Спахиу.

Тој уште го обвини премиерот за корупција и криминални дејствија, а како главен виновник го смета и за „политичките убиства кои се случија на 21 јануари пред две години“, но и за тешката состојба во земјата.

Протестите минаа без инциденти. Инаку, вчера лидерот на опозицијата Еди Рама, побара и од партијата на Спахиу да влезе во изборната коалиција на албанската левица со цел да се собори Бериша од власт на претстојните избори. Од партијата се уште нема никаков коментар.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски