Црногорските специјалци поставуваат митролески гнезда на границата со Косово

Од:

На границата меѓу Црна Гора и Косово припадниците на Специјалните антитерористички единици во вторник поставија митралерски гнезда, поради страв од евентуални конфликти, потврдија тамошните безбедносни служби.

Според сознанијата на српски Вести, на 23 август триесетина припадници на САЈ вооружени со долги цевки, го преминале пограничното подрачје.

Извор од безбедносни кругови вели дека биле предводени од командантот Мирко Бановиќ и неговиот заменик Милан Ковачевиќ по целодневниот престој во пограничниот појас по што се вратиле во Подгорица.

Одлуката да се стави под контрола пограничниот појас е донесена на највисоко државно ниво, откако безбедносните служби информирале дека е можна ескалација на немири кои на територијата на Косово ја предизвиуваат противниците на договорот за разграничување со Црна Гора.

По турнејата направен е план, по кој во случај на потреба на САЈ и Посебната единица на полицијата, ќе се стационираат на границата со Косово.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец