Црногорската Влада побарала од парламентот да се намалат платите на пратениците за седум отсто, како што било веќе направено со платите на министрите.
Министерот за финансии Радоје Жугиќ рекол дека Владата бара од Собранието на Црна Гора да ги намали платите на пратениците за седум отсто, а платите на вработените во регулаторните агенции мора да се сведат на ниво на заработките кои во се во државната управа.
Просечната плата на пратениците во Црна Гора, во зависност од работниот стаж, изнесува околу 1.300 евра, додека просечната заработка во таа држава е 478 евра.