Синдикатот на медиуми на Црна Гора денеска во Подгорица организира протест пред зградата на Министерството за внатрешни работи поради големиот број нерасветлени напади врз новинарите.
Претседателката на Синдикатот на медиуми Маријана Цамовиќ истакна дека поминале два месеци откако е фрлена бомба во дворот на новинарот на „Вијести“ Туфик Софтиќ, а полицијата се уште не открила ништо.
Таа посочи дека поради зачестените физички и вербални напади врз медиумските работници, работата на новинарите станала неподнослива.
Претходно, црногорскиот министер за внатрешни работи Рашко Коњевиќ најави дека до крајот на годината ќе биде формирана комисија која треба да утврди дали државните органи во случаите на неразјаснетиоте убиства и напади врз новинарите направиле се што било во нивна надлежност.