Црногорскиот Парламент усвои синоќа резолуција во поддршка на интеграцијата во НАТО, јави ТАСС.
За присоединување на земјата кон Северноатлантската алијанса гласаа 50 од 79 пратеници, кои учествувале во гласањето. Дваесет и шест беа против, а тројца воздржани.
Според заменик-претседателот на Парламентот Милутин Симоновиќ „тоа е сигнал дека Парламентот убедливо ја поддржува интеграцијата во НАТО“.
Претставници на опозициските партии и независни пратеници изјавија дека е неопходно во земјата да се одржи референдум за прашањето за членство во НАТО.