Црногорскиот министер за внатрешни работи негира дека полиција извршила претрес во неговиот кабинет

Од:

Министерот за внатрешни работи во преодната Влада на Црна Гора, Горан Даниловиќ ги демантираше информаците дека полицијата извршила претрес во неговиот кабинет, објави денеска белградскиот весник „Вечерње новости“.

Реакцијата на Даниловиќ следи по тврдењата што ги објавија неколку провладни црногорски медиуими дека полицијата извршила претрес во неговиот кабинет, од каде одзела големо количество на документи кои се предадени на Специјалното јавно обвинитество, во рамки на истрагата поврзана со злоупотреби на лични документи и податоци на граѓаните.

– Немаше никаков претрес. Јас само побарав од Специјалното јавно обвинитество да ја забрза истрагата, додека се уште се наоѓа на оваа должност, изјави Даниловиќ, кој е функционер на опозициската коалција Клуч.

Неколку дена пред октомвриските парламентарни избори, владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) поднесе кривична пријава против Даниловиќ поради „неовластено присвојување на лични документи на граѓаните“. ДПС тврди дека поседува докази кои укажуваат оти Даниловиќ извршил низа кривични дела во врска со заштитена документација.

Даниловиќ изјави дека нема што да крие, додавакќи оти очигледно „некој сака да направи скандал по секоја цена“.

– Со целосно чиста совест ги чека резултатите од истрагта, порача Даниловиќ.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба