Црногорската опозиција не ги признава изборните резултати

Од:

Претставници на Демократскиот фронт, Големата коалиција Клуч, Демократите и Социјалдемократската партија на вчерашниот состанок донесоа едногласна одлука да не ги признаат резултатите од парламентарните избори во Црна Гора, одржани во неделата.

Тие тврдат дека изборниот процес бил проследен со низа злоупотреби, кои, како што наведуваат, „по содржината и бројот ги надминале сите претходни изборни процеси во историјата на парламентаризмот во Црна Гора“.

„Посебно, имајќи предвид фактот дека одделни медиуми уште во саботата најавија, а државните органи на Црна Гора вчера соопштија, дека за време на изборниот ден се случил обид за државен удар. Јасно е дека во атмосфера на државен удар, на самиот изборен ден, не можат да се одржат слободни, фер и чесни избори“, оцени опозицијата.

Тие бараат независна комисија, во рамки на која треба да се вклучат и претставници на меѓународната заедница, да ги констатира и испира сите факти во врска со наведениот државен удар и на јавноста да соопшти кои се извршителите, и кои се налогодавачите на тоа кривично дело.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба