Црногорската опозиција на 28 април во Цетиње ќе одржи анти-НАТО протест

Од:

Црногорскиот опозициски Демократски фронт за 28 април, денот кога Парламентот ќе гласа за членството на Црна Гора во НАТО, свика анти-НАТО протести, соопшти црногорскиот весник „Побједа“.

Претставници на Демократскиот фронт изјавија дека се изненадени од одлуката седницата на Парламентот да се одржи во историската престолнина Цетиње, а не во Подгорица, затоа што следната недела биле планирали секојдневни протести пред Парламентот.

„Доколку е потребно ќе ангажираме и 100 автобуси за да протестираме пред Парламентот во Цетиње“, соопштуваат од Демократскиот фронт.

Останатите опозициски партии, иако го поддржуваат предлогот на Демократскиот фронт за членството во Алијансата да се гласа на референдум, нема да се приклучат кон протестите.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

НАТО се обидува да го зголеми производството на оружје на своите членки

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Руте ги повикува членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски