Црногорец уапсен за шверц на дрога и оружје во Сирија

Од:

Еден 37-годишен државјанин на Црна Гора е уапсен во сирискиот главен град Дамаск по обвинение дека шверцувал наркотици и оружје за потребите на бунтовниците во Сирија, објави белградскиот весник „Блиц“.

Според весникот, при апсењето, сириската полиција кај осомничениот Иван Поповиќ пронашла 6,2 килограми херион, 23 килограми тротил и 137 детонатори.

Поповиќ бил уапсен во комби марка „Мерцедес“ со лажни рачноизработени црногорски регистерски таблички.

Сириската полиција информира дека Поповиќ бил уапсен во планирана кација, откако властите добиле информација за функционирање на канал за шверц на дрога и оружје за бунотовниците.

Црногорецот е во затвор, каде ќе остане до крајот на судската постапка, наведува „Блиц“.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот