Црна Гора: Загриженост поради масовното иселување од северот на земјата

Од:

Црногорската Социјалдемократска партија (СДП) предводена од Ранко Кривокапиќ, која е дел од владејачката коалиција, побара во вторникот од владата итно да започне да се занимава со прашањето на масовното иселување на граѓаните од северниот дел на земјата во западноевропските држави и да објави кои мерки ќе ги преземе да се спречи оваа појава, и овој проблем како приоритет да се разгледува во парламентот.

„Владата на Црна Гора итно треба да ја извести јавноста колку граѓани од северниот дел на државата од почетокот на оваа година досега заминале во други земји и во кои, колку од нив се иселиле во однос на минатата година, како и колку вкупно граѓани го напуштиле тој региони целата мината година“, изјави во парламентот пратеникот на црногорските социјалдемократи, Дамир Шеховиќ.

Црногорските медиуми објавија загрижувачки податоци од невладиниот сектор коишто укажуваат дека за четирите месеци од 2015 година се иселиле 3.500 лица, во земјата со вкупно околу 630.000 жители, главно во земјите од Бенелукс, со образложување дека „мора да го спасуваат своето семејство од глад“, дека со години немаат работа, како и дека во посочениот регион „не гледаат перспектива“.

Предлогот на СДП го поддржа и опозицијата, а во реакцијата на Социјалистичката народна партија (СНП), се истакнува дена е неверојатно и парадоксално дека токму северниот дел од Црна Гора, односно помалку развиениот регион, е токму подрачје коешто располага со најмногу ресурси и компаративни предности.

„Суровата црногорска економска реалност, гладот, немаштијата, непостоењето основни услови за достоинствен живот, натераа повеќе илјади граѓани, без оглед на верската и националната определеност, спасот да го побараат далеку од своите огништа“, се наведува во соопштението на црногорските социјалисти.

Опозициската СНП оценува дека доколку претставниците на парламентарното мнозинство ќе реагираат соодветно на оваа појава, тоа ќе биде клучен доказ дека станува збор за систематско оневозможување да се создадат достоинствени услови за живот на граѓаните во тој дел од земјата, повикувајќи ја власта да се ангажира да го запре „економскиот прогон“ од северот на Црна Гора.

Извор: (Vijesti) – Рожаје, Црна Гора

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба