Патроли на „Црнагорапат“ отанале шокирани првиот работен ден неделава откако регистрирале дека од црногорските магистрали крадци за една ноќ успеле да украдат над 100 знаци и сообраќајни табли.
Знаците исчезнале ноќта меѓу недела и понеделник, но полицијата се уште не може да ги открие сторителите.
Вкупно се украдени 111 знаци, а најмногу на правецот од Подгорица до Манастир Морача, каде службениците на „Црнагорапат“ евидентирале дека се извадени 48 знаци.
Според весникот „Вјести“ на патот од Цетиње до Будва исчезнале 30 знаци, кон Даниловград 10, а кон Петровец 23 сообраќајни знаци.
Шефот на контролната служба на „Црнагорапат“ Жељко Перуниќ изјави дека нивните патроли со денови ги бројат украдените знаци.