Црна Гора воведува санкции против Крим и Севастопољ

Од:

Црногорската Влада усвои одлука за воведување на меѓународни рестриктивни мерки утврдени со одлуките на Советот на ЕУ, со која се забранува увоз и извоз од Крим и Севастопољ.

Мерките, како што се наведува во соопштението по владината седница, се одговор на незаконската анексија на Крим и Севастопољ.

– Се забранува увоз во Црна Гора на стока со потекло од Крим или Севастопољ. Се забранува, директно или индиректно, односно давање финансиска помош, осигурувања и реосигурувања, во врска со увозот на стока со потекло од Крим или од Севастопољ. Забрането е свесно и намерно учествување во активности, чија цел или последица е непочитување на забраните, се наведува во одлуката, објаснувајќи дека мерките не важат за стока со потекло од Крим или Севестопољ која е дадена на преглед на украинските тела и за кои Владата на Украина издала потврда за потекло.

Црногорскиот весник „Побједа“ пишува дека е забрането и стекнување недвижности на полуостровот, како и сопственички хартии од вредност.

Во одлуката се додава и дека е забранета продажба, снабдување, пренос или извоз на стока и технологија од црногорски државјани или од територијата на Црна Гора, како и користење на пловни објекти или авиони под знамето на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба