Црна Гора со странски инвестиции од 5,5 милјарди евра за осум години

Од:

Црна Гора е лидер во регионот според обемот на странски инвестиции, изјави директорот на црногорската Агенција за промоција на инвестициите, Милош Јовановиќ.

Во изјава за весникот „Пословни дневник“, Јовановиќ нагласува дека во последниве осум години обемот на странски инвестиции во Црна Гора достигнал 5,5 милијарди евра.

– Деновиве очекуваме доаѓање на три компании од Катар, Јордан и САД. Станува збор за фирми што се занимаваат со туризам, нафта и информациска технологија, кои имаат милионски профити и им одговара нашата ниска стапка на данок на профит од девет отсто, вели Јовановиќ.

Според податоците на Црногорскиот завод за статиситка (Монстат) во 2012 година нивото на странски инвестиции во Црна Гора изнесувало 435,6 милиони евра, а во 2013 – 485,3 милиони евра.

Само во црногорскиот градежен сектор во 2012 година биле инвестирани 247 милиони евра, а во 2013-та – 264 милиони, што претставува раст од 11,2 отсто на годишно ниво.

Според пописот на населението, пред четири години во Црна Гора имало околу 194.000 домаќинства и над 316.000 станови, од кои околу 58.000 се празни, со што во нив стои заробен три милради евра „мртоив капитал“, наведува „Пословни дневник“.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот