Црногорскиот републички Сеизмолошки завод соопшти дека во текот на март, во Цетиње се регистрирани повеќе од 70 земјотреси.
Најсилниот со 3,9 степени по Рихтеровата скала се случи во селото Очиниќ во четврток.
Потресот освен во Цетиње е почувствуван и во Будва и Подгорица. Се претпоставува дека врнежите и подземни води влијаеле да дојде до поместување на тлото.
Елена Георгиевска