Црна Гора протера четворица вахабисти во Србија и БиХ

Од:

Црногорската полиција протера четворица вахабисти од земјата, од кои двајца се вратени во Србија, а двајца во Босна и Херцеговина, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи.

Според соопштението станува збор за превнтивни мерки преземени за спречување терористички напади и регрутирање црногорски државјани за странски боишта.

Весникот „Дан“ пишува дека во неделата во местото Смоковац е контролирано возило со српски регистарски ознаки во кое се наоѓале двајца вахабисти од Нови Пазар.

По претресот тие се приведени во Центарот за безбедност во Подгорица, каде е утврдено дека не поседувале документи и немале регулиран престој. По задржување од 48 часа, тие се протерани од земјата.

Идентитетот на протераните вахабисти не е соопштен.

Според податоците на тајната полиција во Црна Гора се наоѓаат најмалку 100 до 120 вахабисти. Агенцијата за национална безбедност има податоци дека тие примаат значителна финансиска помош преку исламски хуманитарни организации, а како главен центар на вахабисти во Црна Горе се наведува Плав.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба