Црна Гора ќе му исплати 130.000 евра на претепан граѓанин на протест

Од:

Владата на Црна Гора ќе исплати 130.000 евра отштета на граѓанинот Милорад Мартиновиќ кого полицијата го претепа за време на протестот на опозицискиот Демократски фронт во октомври во Подгорица, потврди денеска црногорската Влада.

Владата со адвокатите на Мартиновиќ договорила вонсудско порамнување и го усвоила предлогот на Министерството за внатрешни работи за отштета.

Припадниците на Специјалната антитерористичка единица на црногорската полиција брутално го претепале Мартиновиќ на 24 октомври и го искршиле неговиот автомобил.

Обвинителството води истрага за тепањето, а во притвор досега беа двајца припадници на специјалните единици, кои наводно признале дека учествувале во претепувањето на Мартиновиќ.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба